Клоп: Најдоброто наше второ полувреме против Сити, не се сеќавам дека „граѓаните“ некогаш толку многу се мачеле
- Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп е задоволен од играта на неговите избраници против Манчестер сити и покрај нерешените 1:1.
Ливерпул, 10 март 2024 (МИА) – Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп е задоволен од играта на неговите избраници против Манчестер сити и покрај нерешените 1:1.
- Неверојатно. Малку бевме неумесни во првите 10 минути и Манчестер сити одигра како што треба. Но, потоа следуваше најдоброто второ полувреме на Ливерпул против Сити. Да, противникот ја погоди стативата, но ние требаше да постигнеме 2-3 гола. Извонреден фудбал. Верувам дека за прв пат 100% докажавме дека сме на вистинскиот пат. Ќе се бориме и ќе видиме до каде ќе стигнеме. Не се сеќавам дека Манчестер сити некогаш се мачел толку многу како денес. Бевме супер, истакна Клоп.
Ливерпул и Арсенал се на водечките позиции во Премиер лигата со по 64 бодови, Манчестер сити е веднаш зад нив со бод помалку. зс/
Фото: ЕПА