• понеделник, 23 декември 2024

Клоп го пофали голманот на Евертон, Пикфорд

Клоп го пофали голманот на Евертон, Пикфорд
Ливерпул, 4 септември 2022 (МИА) - Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, е воодушевен од играта на голманот на Евертон, Џордан Пикфорд во натпреварот од 6. коло на англиската Премиер лига. Дербито на Ливерпул вчера заврши нерешено 0:0. - Ова беше одлично дерби, многу интензивно, со многу спектакуларни моменти. Три пати ја погодивме стативата, а Пикфорд направи многу одбрани. Тоа е неверојатно. Не се сеќавам на колку дербија учествував, имаше доста од нив, и секогаш е тешко, изјави Клоп од БТ Спорт. Ливерпул е 6-ти во поредокот во Премиер лигата со девет бодови по шест натпревари, додека Евертон е 16-ти со четири бодови. Пикфорд е во Евертон од летото 2017 година. Дваесет и осумгодишниот голман на Англија минатата сезона одигра 35 натпревари во Премиер лигата, прими 58 гола, а на седум натпревари ја зачува мрежата „сува“. Актуелниот договор со клубот е до летото 2024 година. зс/

Остани поврзан