• петок, 22 ноември 2024

Клодијан, херој на денот, спречи трагедија во центарот на Тирана

Клодијан, херој на денот, спречи трагедија во центарот на Тирана
Тирана, 25 април 2021 (МИА) - Дваесет две годишниот Клодјан стана херој на денот во Албанија, откако спречи инцидент без преседан во центарот на Тирана. Тој го онеспсобил возачот кој со автомобилот влетал со голема брзина на плоштадот Скендербег каде што се поставени шаторите и се спроведува масовна вакцинација, но вообичаено во недела има големо присутво на народ. „Албанскиот камиказа“ Арбен Ќазими (35) ги проби оградите со автомобилот и влезе во плоштадот, правеше кругови, запираше па пак продолжуваше, загрозувајќи ги животите на десетици лица присутни на местото. Кодијан, го направи она што други се обидоа, но не успеаја. Кога малку запре го зграпчи преку оворениот прозор и го онеспособи, а потоа му пристигнаа на помош и други, по што дојде и полицијата. Тестот што го напаравила полицијата, кај Ќазими не покажувал присуство на алкохол во крвта, но затоа имало присуство на дрога. И во автомобилот му била пронајдена помала количина кокаин и мархуана. Тој изјавил дека мислел оти вози по автопат. Клодијан пак за медиумите изјави дека не се двоумел да интервенира зашто помислил дека е терористички акт. - Пристигна еден луд автомобил, ми се причини како да е терористички акт, зашто сме слушале доста за вакви напади, меѓу толпа со луѓе, низ светот. Човечки мислев дека е неопходно да интервенирам, не мислев на последиците по мене, изјави Клодјан. вт/ми/

Остани поврзан