• вторник, 07 април 2026

Техеран тврди дека принудил американски десантен брод на повлекување

Техеран тврди дека принудил американски десантен брод на повлекување

Техеран, 6 април 2026 (МИА) - Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) нападна американски амфибиски десантен брод „LHA-7“, принудувајќи го да се повлече кон јужниот дел на Индискиот Океан, јавија денеска иранските државни медиуми.

Покрај нападот врз американскиот брод, ИРГЦ соопшти дека е нападнат и контејнерски брод под ознаката „SDN7“, за кој Техеран тврди дека е во сопственост на Израел.

Во соопштението не се прецизира точната локација каде е извршен нападот врз контејнерскиот брод. ссм/ми/

фото: архива

Остани поврзан