• понеделник, 06 април 2026

Ле Кињо: Европа доцни во ослободувањето од зависноста од САД

Ле Кињо: Европа доцни во ослободувањето од зависноста од САД

Париз, 6 април 2026 (МИА) – Европските држави и понатаму во значителна мера се зависни од САД, а ослободувањето од таквата зависност ќе биде исклучително сложен и долготраен процес, изјави директорот на парискиот тинк-тенк „Еуро креатив“, Ромен ле Кињо.

Тој истакна дека зависноста на Европа од САД се одразува на неколку нивоа, првенствено во военото присуство, бидејќи околу 100.000 американски војници се распоредени на европскиот континент. Покрај тоа, европските земји во голема мера зависат од капацитетите на САД кога станува збор за критичните резерви, системите за воздушна одбрана, воздушната логистика и разузнавањето.

Според Ле Кињо, Европа нема целосна контрола врз сопствената оперативна команда, бидејќи командата на силите на НАТО во Европа традиционално ја врши Врховниот командант на САД, што дополнително ја продлабочува институционалната зависност.

Трет и, според него, најтежок фактор, е психолошката зависност. Ле Кињо наведе дека европските земји со децении се навикнати да им ја препуштаат својата безбедност на САД. Голем број држави веруваат дека е невозможна нивната одбрана без поддршка од САД невозможна.

Иако признава дека Европа заостанува во своите напори да ја намали оваа зависност, ле Кињо посочи дека сè уште постои можност за промена.

- Доцниме, многу доцниме, но не е предоцна, потенцира ле Кињо. ми/ссм/

фото: Линкедин

Остани поврзан