Кличко: Зеленски ризикува политичко самоубиство
- Володимир Зеленски ќе се соочи со многу тежок период во наредните месеци, предупреди градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.
Киев, 21 јули 2024 (МИА) - Володимир Зеленски ќе се соочи со многу тежок период во наредните месеци, предупреди градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.
Во изјава за италијанскиот портал „Кориере дела сера“, Кличко рече дека украинскиот претседател ќе мора да донесе тешки одлуки кои би можеле да доведат до „политичко самоубиство“.
Тој предупреди дека Зеленски можеби ќе треба да распише референдум во Украина доколку има територијален компромис со Русија.
-Следните месеци ќе бидат многу тешки за Володимир Зеленски, рече тој.
„Дали тие ќе треба да ја продолжат војната со нови смртни случаи и уништувања или да ја разгледаат можноста за територијален компромис со Путин“, напиша тој и додаде:
-Каков потег и да направи, нашиот претседател ризикува политичко самоубиство. Да бидеме искрени, мораме да ја добиеме војната, но ситуацијата станува се потешка. Зависи од помошта што доаѓа од сојузниците. Би било кошмар ако ние мора да се бориме уште две години, рече Кличко. мс/
фото: ЕПА