• недела, 07 јули 2024

Клиперс му дава на Зубац 33 милиони долари за тригодишен договор

Клиперс му дава на Зубац 33 милиони долари за тригодишен договор
Лос Анџелес, 29 јуни 2022 (МИА) – Лос Анџелес клиперс се договорија за продолжување на договорот со хрватскиот центар Ивица Зубац. Агентите на Зубац објавија дека кошаркарот ќе заработи 33 милиони во следните три години. Се забележува дека клубот од Калифорнија ја одби опцијата за следната сезона за 7,5 милиони долари да потпише нов договор. Минатата сезона Зубац имаше просек од 10,3 поени, 8,4 скока и една блокада по натпревар. зс/

Остани поврзан