• вторник, 24 декември 2024

Клинсман назначен за селектор на Јужна Кореја

Клинсман назначен за селектор на Јужна Кореја

Сеул, 27 февруари 2023 (МИА) - Поранешниот селектор на германската и на американската фудбалска  репрезентација Јирген Клинсман го презеде тимот на Јужна Кореја.

Договорот на Германецот со Фудбалската федерација на Јужна Кореја е со важност до  Светското првенство во 2026 година.

Последната работа на 58-годишниот фудбалски стручњак беше во тимот на Херта, која ја напушти во февруари 2020 година.

Деби натпреварот под водство на Клинсман, Јужна Кореја ќе го има на 24 март со селекцијата на Колумбија. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан