• понеделник, 23 декември 2024

Клиничка болница Тетово покрај амбуланта ќе има и оддел за онколошко лекување

Клиничка болница Тетово покрај амбуланта ќе има и оддел за онколошко лекување

Тетово, 18 декември 2023 (МИА) - Од денеска во Клиничка болница ќе функционира и оддел за онколошко лекување. На денешното означување на почетокот со работа присуствуваа претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски заедно со министерот за здравство Фатмир Меџити. Беше извршена промоција и на реновираниот оддел за радиологија и конференциската сала.

-Како новитет со новиот оддел се стремиме да ја растовариме гужвата и фреквенцијата на пациенти на Клиниката за онкологија. Покрај подобрувањето на инфраструктурата, болницата е опремена и со два рендген апарати и мамограф со можност за стереотакса и дензитометрија, обезбедени од Министерство за здравство, изјави Меџити.

Тој посочи дека како министер за здравство и долгогодишен лекар, заедно со тимот се фокусирани на подобрување на болничките услови на пациентите со комплетно нови опремени соби и современа медицинска опрема.

- Со тоа создаваме и соодветни услови за работа на здравствениот кадар, кои со својата несебична заложба и истрајност низ годините покажаа дека се целосно посветени во грижата и третманот на пациентите. Упатувам голема благодарност до директорот д-р Илир Демири за одличното менаџирање на здравствената установа, за вложувањето во подобрување на условите за работа и престој во болница, како и за инвестирање во медицинскиот персонал, изјави Меџити.

На настанот присуствува и заменик-министерката за здравство Маја Манолева и в.д. директорот на Фондот за здравствено осигурување, Асаф Абдурамани. ас/цр


Фото: Министерство за здравство 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан