• вторник, 24 декември 2024

Кијану Ривс во крими-драма сместена во 19 век

Кијану Ривс во крими-драма сместена во 19 век

Лос Анџелес, 5 август 2022 (МИА) - Кијану Ривс ќе глуми во телевизиска адаптација на бестселерот „Ѓаволот во белиот град“ (The Devil in the White City). Мартин Скорсезе, Ривс и Леонардо ди Каприо се спомнуваат како продуценти на ТВ-серијата, според ИМДБ.

Ривс ќе го толкува ликот на архитектот Даниел Бурнам, кој се обидува да испише историја со своите проекти, додека во градот се случуваат мистериозни убиства. Стрим-платформата „Хулу“ ја подготвува серијата со ограничен број епизоди. Романот на Ерик Ларсон за „Замокот-убиец“, со приказна сместена на крајот на 19 век, беше објавен 2003 година. Холивуд подолго време е заинтересиран за негова филмска адаптација. Во 2010 година, Леонардо ди Каприо ги стекна правата - со замисла да ја одигра улогата на негативецот Холмс, под режисерската палка на Мартин Скорсезе. Во соопштението на „Хулу“ засега не се наведува улогата на Ди Каприо, ниту пак е наведен датумот на издавање на оваа серија.  си/сд/

Остани поврзан