• понеделник, 23 декември 2024

Кичевски: Партијата што 11 години ја уназадуваше државата, денес го уназадува Град Скопје

Кичевски: Партијата што 11 години ја уназадуваше државата, денес го уназадува Град Скопје

Скопје, 9 април 2023

Една и пол година во Град Скопје владее хаос и неспособност од градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ. 

Бројни важни проекти се стопирани како што е реконструкцијата на Универзална сала, изградбата на улицата Есенинова и мостот на булевар АСНОМ, а клучката и кружниот тек кај Момин поток се градат далеку поспоро од предвиденото темпо.

Но затоа забрзано се одвива партизацијата на градската администрација и постојаната смена на директори на јавните градски претпријатија и установи.

Нема нови проекти и решенија, нема крупни градежни зафати, но затоа од страна на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ има кавги за тендери и провизии и популистички иницијативи да се врати споменикот на Ќосето - симболот на режимот на Груевски. 

Ете што се случува кога шпицниот градоначалник и заложник на Димитар Апасиев и Левица, Христијан Мицкоски ќе ја добие власта во градот. 

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, партијата што 11 години ја уназадуваше државата, денес го уназадува Град Скопје. 

И тогаш и сега на ВМРО-ДПМНЕ потребите на граѓаните им се на последно место, а личните и бизнис интерес им се пред сѐ. 

Арсовска и другите скопски градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ се најнеспособните и најнеуспешните градоначалници досега. 

СДСМ - Центар за комуникации

Фото: СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки. 

Остани поврзан