• понеделник, 23 декември 2024

КИФ: Инфраструктурата се уште клучен проблем за регионалната економска соработка

КИФ: Инфраструктурата се уште клучен проблем за регионалната економска соработка
Охрид, 21 јули 2022 (МИА) - И последното дете сфати дека без инфраструктура не можеме да одиме напред. Затоа, ќе се интензивираат притисоците за решавање на овој проблем иако изминатиот период беше доста инвестирано во изградбата на автопатиштата и железницата, рече денеска претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески. Инфраструктурата, напомена Азески, и натаму е клучен проблем за интензивирање на регионалната економска соработка. -Претставниците на БиХ и мојот колега вчера патуваа 12 часа или требаше да одат со авион во Истанбул или Виена за да дојдат на денешните состаноци, истакна Азески, одговорајќи на новинарски прашања пред посетата на компанијата „Костал Македонија“ во Охрид заедно со останатите членови на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум (КИФ). Азески оцени дека е добро вчерашното потпишување на Договорот за изградба на пругата на Коридорот 8 и реконструкција на дел од пругата на Коридор 10 од страна на Владата, зашто, нагласи, е во севкупните рамки за подобрување на инфраструктурата. мч/сс/

Остани поврзан