Кит-Го и Каменица Саса славеа домашни победи во 21. коло од Втората фудбалска лига Исток
- Фудбалерите на „Кит-Го“ Пехчево ја продолжија серијата победи во рамки на своите настапи во Втората лига - Исток. На градскиот стадион во Пехчево, домаќините го совладаа просечниот тим на Рос
Пехчево, 3 април 2021 (МИА) - Фудбалерите на Кит-Го Пехчево ја продолжија серијата победи во рамки на своите настапи во Втората лига - Исток. На градскиот стадион во Пехчево, домаќините го совладаа просечниот тим на Росоман со 2:1. Триумфот пехчевци го обезбедија со головите на Мичковски и Кордоба во 10-тата и 14-тата минута од натпреварот, додека гостите, конечниот резултат го поставија во 52 минута кога Свртиновски намали на 2:1, кој остана и конечен резултат на натпреварот.
- Имавме шанси за зголемена предност уште во првиот дел, но останаа неискористени уште три убави можности. Во второто полувреме, гостите од Росоман единствено успеаја да го ублажат поразот. Се надеваме дека добрата игра ќе продолжи и на следниот натпревар од 22. коло, истакнаа од стручниот штаб на домаќините.
Во најисточниот дел од државата денес второлигашки фудбал се играше и во Македонска Каменица каде тимот на Каменица Саса со голот на Сашо Дуков во 41 минута минимално со 1:0 ја совлада виничка Слога.
И двата натпревари поради мерките за заштита од Ковид-19 се играа без присуство на публика. вс/зс/