• недела, 22 декември 2024

Кисинџер: Ако САД и Кина не се договорат следи катастрофа

Кисинџер: Ако САД и Кина не се договорат следи катастрофа
Вашингтон, 26 март 2021 (МИА) - Поранешниот американски државен секретарт Хенри Кисинџер денеска предупреди дека доколку САД и Кина не се договорат за нов глобален поредок, кој ќе гарантира стабилност, светот може да се соочи со опасен период каков што предходеше на Првата светска војна. - Дефинитивно е многу поопасно сега отколку тогаш, наведе Кисинџер додавајќи оти високотехнолошкото оружје од двете страни може да доведе до судири од незамисливи размери. Тој истакна дека клучно прашање е дали САД и нивните западни сојузници можат да постигнат согласност со Кина за нов светски поредок. Кисинџер беше државен секретар од 1969 до 1977 година односно за време на мандатот на Ричард Никсон и на Џералд Форд. Тој во 1973 година заедно со Ле Дук То ја доби Нобеловата награда за мир за потпишување на мировниот договор с „Завршување на војната и враќање на мирот во Виетнам“ што беше потпишан во Париз во јануари истата година. ми/

Остани поврзан