• петок, 22 ноември 2024

Кисела Вода ги повикува изнемоштените лица да се пријават за бесплатната услуга „Итно Копче”

Кисела Вода ги повикува изнемоштените лица да се пријават за бесплатната услуга „Итно Копче”

Скопје, 29 јули 2024 (МИА) - Општина Кисела Вода и Црвениот Крст денеска објавија јавен повик на кој може да се пријават заинтересираните за користење на услугата „Итно Копче”.

Како што соопштија од Општината, станува збор за аларм уред поставен на нараквица, кој на повозрасните и изнемоштени лица во случај на итна здравствена потреба им овозможува да искомуницираат со оператор или да им биде испратен тим за прва помош директно во нивниот дом. 

Согласно објавените критериуми, потребно е апликантите да немаат помалку од 65 години, нивната пензија да не надминува 25.000 денари и да немаат дијагностицирана деменција. Потребната документација која исто така е пропишана во јавниотн повик, треба да се достави или до Општина Кисела Вода, барака 6, каде е сместена канцеларијата на Црвениот Крст, секои среда и петок од 10 до 14 часот или во канцеларијата на „Итно копче” на ул. „Славе Георгиевски Шнајдер” бр.5, секој работен ден од 8 до 16 часот. Секоја достава на документи претходно се закажува на телефонскиот брј 15 330. Поради ограничениот број на уреди, селекцијата на корисниците ќе се прави по принципот „прв дојден- прв услужен”

Општина Кисела Вода е првата локална самоуправа која ја имплементираше услугата „Итно Копче” во соработка со Црвениот Крст, преки  која за почеток, ќе бидат опфатени 40 лица.

Критериумите за избор на лицата кои бесплатно ќе ја добијат услугата се достапни на веб страницата на Општина Кисела Вода. вг/дма/

 

Фото: Општина Кисела Вода

Остани поврзан