• понеделник, 23 декември 2024

Кирил и Методиј се Бугари, а кирилицата бугарска, изгласа Парламентот во Софија

Кирил и Методиј се Бугари, а кирилицата бугарска, изгласа Парламентот во Софија
Софија, 1 октомври 2020 (МИА) - Бугарското Собрание со 73 гласа за, 4 против и 34 воздржани, денеска го усвои во прво читање, предлогот на коалицијата Обединети патриоти предводена од ВМРО-БНД на вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов, која е дел од Владата на Бојко Борисов, за преименување празникот 24 Мај од „Ден на бугарската просвета и култура и на словенското писмо“ во „Ден на бугарската литература, образование и култура“. Според предлагачите, ова е прв чекор кон признавање на кирилицата од страна на ЕУ како бугарска азбука. - Бугарската писменост е идентична со кирилицата, создадена и раширена меѓу другите словенски народи токму од Бугарија. Основата на државноста на бугарскиот дух е токму бугарското писмо. Кирилицата, која е создадена во Бугарија и ја замени глаголицата, создадена од Константин-Кирил филозоф и Методиј, е дел од основното движење за реформи спроведено од Борис, Симеон Велики и цар Петар, образложи пред бугарските пратеници историчарот Милен Михов од ВМРО. И неговиот сопартиец Красимир Богданов смета дека „кирилицата е чисто бугарска творба, создадена од Климент Охридски, во бугарска држава, за време на бугарските средновековни кралеви“, и повика на широка национална поддршка на овој предлог. Формулацијата „празник на словенското писмо“, според Обединети патриоти, била измислена од Комунистичката партија на Бугарија пред 30 години. Предлогот во прво читање доби поддршка од пратениците на владејачката ГЕРБ на Бојко Борисов, а против беа опозициските БСП и ДПС.са/        

Остани поврзан