• понеделник, 23 декември 2024

Киргистан ги советува своите граѓани да ги ограничат патувањата во Русија

Киргистан ги советува своите граѓани да ги ограничат патувањата во Русија

Бишкек, 27 март 2024 (МИА) - Министерството за надворешни работи на Киргистан ги советуваше граѓаните на оваа централноазиска земја да ги одложат патувањата во Русија, кои не им се неопходни, откако мигранти од регионот беа посочени како извршители на терористичкиот напад во близина на Москва.

Руски суд вчера му одреди притвор на Киргистанец под обвинение дека ги засолнувал четворицата осомничени таџикистански извршители на нападот во концертната сала во Красногорск минатиот петок. Тој и уште тројца осомничени таџикистански соучесници исто така се во притвор.

Групата Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот, во кој загинаа 139 лица, а 182 беа ранети. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан