Кирби: Севернокорејските војници во Украина се летитимна цел
- Киев и Сеул велат дека Москва планира да вклучи илјадници севернокорејски војници во својата војна. -Ако ги испратат да се борат против Украина, тие стануваат легитимни цели. Украинската војска ќе се брани од севернокорејските војници на ист начин како што се брани од руски војници, изјави Кирби на прес-конференција одржана синоќа во Белата куќа.
Вашингтон, 24 октомври 2024 (МИА) - Севернокорејските војници испратени да се борат за Русија против Украина се „легитимна цел“, изјави Џон Кирби, советник за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден.
Да потсетиме дека високи американски функционери, вклучително и министерот за одбрана Лојд Остин, вчера за првпат потврдија дека имаат докази за испраќање севернокорејски војници во Русија, за што претходно информираа украинските и јужнокорејските разузнавачи.
Киев и Сеул велат дека Москва планира да вклучи илјадници севернокорејски војници во својата војна.
-Ако ги испратат да се борат против Украина, тие стануваат легитимни цели. Украинската војска ќе се брани од севернокорејските војници на ист начин како што се брани од руски војници, изјави Кирби на прес-конференција одржана синоќа во Белата куќа.
„Затоа, можноста за мртви и ранети севернокорејски војници е апсолутно реална доколку тие бидат испратени во борба“, додаде тој.
Кирби откри и детали од проценките на американските разузнавачки служби, кои наведуваат дека Вашингтон верува дека Северна Кореја „испратила најмалку 3.000 војници во источна Русија“.
-Проценуваме дека овие војници патувале со брод од областа Ван во Северна Кореја до Владивосток, Русија, рече тој, додавајќи: „Овие војници потоа отпатуваа во повеќе руски воени бази во источна Русија, каде што моментално се на обука. "
Кирби рече дека е премногу рано да се каже со сигурност дали тие „ќе влезат во борба заедно со руската војска“, но додаде дека тоа е „многу загрижувачка можност“.
-Ја информиравме украинската Влада за нашите информации, секако внимателно се консултираме со другите сојузници, партнери и земји во регионот за импликациите од таков драматичен потег и како би можеле да одговориме, рече тој.
„Очекувам во следните денови да бидам во можност да откријам повеќе за сето ова“, додаде тој.сд/
фото:Х