• недела, 22 декември 2024

Кирби: САД во наредните денови ќе обезбедат дополнителни пакети воена помош за Украина

Кирби: САД во наредните денови ќе обезбедат дополнителни пакети воена помош за Украина

Вашингтон, 15 август 2024 (МИА) - Соединетите Американски Држави ќе обезбедат дополнителни пакети воена помош за Украина во наредните денови, изјави Џон Кирби, советник за национална безбедност во Белата куќа, во интервју за Ем-Ес-Ен-Би-Си.

Претходно денеска кабинетот на украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров соопшти дека тој разговарал со неговиот американски колега Лојд Остин за ситуацијата на бојното поле и за одбранбените потреби на Украина. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан