• сабота, 06 јули 2024

Кин: Противниците на Манчестер јунајтед веќе не се плашат, со задоволство одат на „Олд Трафорд“

Кин: Противниците на Манчестер јунајтед веќе не се плашат, со задоволство одат на „Олд Трафорд“

Лондон, 18 јануари 2024 (МИА) - Рој Кин го критикуваше Манчестер јунајтед дека не игра доволно смело. 

- Тие не играат како тим и не знам дали ги прифаќаат идеите на тренерот. Секоја недела велиме дека не знаете што да очекувате од Манчестер јунајтед. Ги гледав против Виган во ФА купот кога се очекуваше да доминираат, да постигнат четири, пет гола, но едвај поминаа на пенали. Сега тимовите веќе не се плашат да играат со Манчестер Јунајтед. Мислам дека ривалите со задоволство одат на Олд Трафорд, изјави поранешниот капитен на Манчестер јунајтед во поткастот „Stick To Football“.

Следен натпревар на Манчестер јунајтед во Премиер лигата ќе биде на 1 февруари на гостински терен против Вулверхемптон.

Тимот предводен од тренерот Ерик Тен Хаг по 21 одигран натпревар се наоѓа на 7. место во премиерлигашкиот поредок со 32 освоени бода. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан