• петок, 05 декември 2025

Кинеските астронаути од „Шенжоу-20“ безбедно слетаа во Кина

Кинеските астронаути од „Шенжоу-20“ безбедно слетаа во Кина

Пекинг, 14 ноември 2025 (МИА) - Капсулата на кинеското вселенско летало „Шенжоу-21“ безбедно слета во Кина со екипажот на мисијата „Шенжоу-20“, објави Кинеската централна телевизија (ЦЦТВ).

Слетувањето завршило успешно во Донгфенг, во кинеската област Внатрешна Монголија.

Враќањето на тричлениот екипаж од вселенската станица „Тијангонг“ првично беше закажано за 5 ноември, но беше одложено поради судир на постарото летало со вселенски отпад.

Астронаутите ја завршија шестмесечната мисија на кинеската вселенска станица.  си/сд/

Фото: „Икс“-објава, фотоисечок.

Остани поврзан