• понеделник, 23 декември 2024

Кинескиот претседател ги повика земјите од БРИКС да се придржуваат на три принципа за решавање на кризата во Украина

Кинескиот претседател ги повика земјите од БРИКС да се придржуваат на три принципа за решавање на кризата во Украина

Москва, 23 октомври 2024 (МИА) - Кинескиот претседател, Си Џинпинг, ги повика членките на БРИКС да се придржуваат на три основни принципа за деескалација на украинската криза: запирање на ширењето на воените операции, намалување на борбите и воздржување од провокации.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека лидерите на БРИКС покажале подготвеност да помогнат во решавањето на конфликтот во Украина, и дека Русија ги цени тие напори. - Многу земји изразуваат желба да придонесат за решавање на конфликтот, а претседателот Путин го поздравува тоа, рече Песков.

На прашањето дали иницијативите на Кина и Бразил се обид за притисок врз Русија, Песков одговори дека „никако“ не е така. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан