• вторник, 05 ноември 2024

Кинескиот премиер најави дека земјата ќе го зголеми бројот на тимови за одговор за нови заразни болести

Кинескиот премиер најави дека земјата ќе го зголеми бројот на тимови за одговор за нови заразни болести

Пекинг, 11 март 2024 (МИА) - Кина извојува голема, одлучувачка победа во борбата против вирусот Ковид-19, изјави кинескиот премиер Ли Чијанг.

Тој го изјави ова во извештајот по повод годишната седница на кинескиот парламент (НПЦ), каде директорот на кинеската Национална управа за контрола и превенција на болести, Ванг Хешенг, најави нови законски мерки за спречување на идните болести, пренесува Еуроњуз.

Тие мерки ќе се однесуваат на превенција од заразни болести, контрола и карантин.

Ванг исто така изјави дека ќе бидат воведени специјализирани тимови со задача да ги потиснат идните епидемии на нови болести.

Тој посочи дека ќе биде тешко да се избегнат патогени со епидемиски потенцијал, но дека епидемии може да се спречат. ссм/

фото: архива

Остани поврзан