• сабота, 23 ноември 2024

Кина ќе го зголеми уделот во обновливи извори на енергија до 2030 година

Кина ќе го зголеми уделот во обновливи извори на енергија до 2030 година
Пекинг, 12 декември 2020 (МИА) - Кина ќе го зголеми својот капацитет за производство на ветерна и соларна енергија до над 1.200 гигавати до 2030 година, како и уделот на нефосилни горива во примарната потрошувачка на енергија на околу 25 проценти, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг. Си зборуваше за плановите за зголемување на уделот на обновливи извори на енергија во Кина на виртуелниот самит на ООН за климатските промени. Повеќе од 70 светски лидери зборуваат на еднодневниот виртуелен собир чија цел е поттикнување побрзо намалување на штетните гасови на петтата годишнина од Парискиот договор за клима потпишан во 2015 година. ссм/

Остани поврзан