Кина ја зголемува старосната граница за пензионирање
- Мажите ќе можат да се пензионираат кога ќе наполнат 63 години, а жените на возраст од 55 до 58 години, во зависност од работното место.
Пекинг, 13 септември 2024 (МИА) – Кина планира да ја подигне старосната граница за пензионирање на работниците почнувајќи од следната година, одлука која ќе важи во следните 15 години.
Мажите ќе можат да се пензионираат кога ќе наполнат 63 години, а жените на возраст од 55 до 58 години, во зависност од работното место.
Оваа одлука ќе се применува од јануари следната година, се наведува во соопштението на кинескиот законодавен дом пренесено од државната телевизија CCTV.
Сегашната возраст за пензионирање е 60 години за мажи, а од 50 до 55 години за жени.
-Имаме повеќе луѓе кои се на прагот на возраста за пензионирање, така што пензискиот фонд се соочува со голем притисок, така што мислам дека сега е време да се дејствува сериозно, рече Ксијујан Пенг, виш научен соработник на Универзитетот во Викторија, во Австралија, кој го проучува населението на Кина и неговите врски со економијата.сд/
фото:МИА архива