• понеделник, 23 декември 2024

Кина најави воени маневри во Јужното кинеско море

Кина најави воени маневри во Јужното кинеско море
Пекинг, 26 јануари 2021 (МИА) - Кина денеска најави дека оваа недела ќе одржи воени маневри во Јужното кинеско море, неколку дена откако официјален Пекинг изрази незадоволство од влегувањето на американски носач на авиони во спорната поморска област. Во соопштението издадено од кинеската служба за поморска безбедност се наведува дека од 27 до 30 јануари се забранува влез во водите од делот познат како Тонкински залив, но не се прецизира кога точно ќе се одржат воените маневри. „Носачот на авиони на американската морнарица „Теодор Рузвелт“ заплови во Јужното кинеско море минатата сабота за да промовира „слободна пловидба на море“, изјавија официјални претставници на Пентагон само неколку дена по инаугурацијата на претседателот Џо Бајден. Спорните води се уште едно прашање што ги нарушува билатералните односи меѓу Вашингтон и Пекинг. Најавата за поморските маневри на кинеската армија во Тонкинскиот залив близу Виетнам дојде во време кога во Ханој се одржува важен конгрес на Комунистичката партија на Виетнам. паг/

Остани поврзан