Кина: Мирот мора да биде приоритет за Индија и Пакистан
- - Кина се противи на сите форми на тероризам и ги повикува и Индија и Пакистан да дадат приоритет на мирот и стабилноста, да останат смирени, воздржани и да избегнат чекори што би можеле дополнително да ја влошат ситуацијата. Подготвени сме да соработуваме со меѓународната заедница за да продолжиме да играме конструктивна улога во намалувањето на тековните тензии, дополни тој.
Пекинг, 7 мај 2025 (МИА) - Кина, која е главен снабдувач на воена опрема за Пакистан, изрази „жалење“ поради индиската воена акција, но истовремено порача дека е подготвена да помогне во смирувањето на ситуацијата.
- Индија и Пакистан се соседи кои не можат да се преместат, а истовремено се и соседи на Кина, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џиан.
- Кина се противи на сите форми на тероризам и ги повикува и Индија и Пакистан да дадат приоритет на мирот и стабилноста, да останат смирени, воздржани и да избегнат чекори што би можеле дополнително да ја влошат ситуацијата. Подготвени сме да соработуваме со меѓународната заедница за да продолжиме да играме конструктивна улога во намалувањето на тековните тензии, дополни тој. ссм/
фото: архива