Кина вети дека ќе преземе решителни контрамерки и ќе се бори докрај со царините на Трамп
- -Таканаречените реципрочни американски царини против Кина се неосновани и типична практика на еднострано малтретирање, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за трговија.

Пекинг, 8 април 2025 (МИА) - Кина вети дека ќе преземе решителни контрамерки како одговор на царините наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп, објави Ксинхуа.
-Нема да биде лесно, но ќе победиме, уверуваше Трамп во саботата.
Вчера тој предупреди дека ќе воведе дополнителни 50 отсто царини за кинески стоки доколку Пекинг не ги повлече царините што ги воведе како одговор на неговите.
-Таканаречените реципрочни американски царини против Кина се неосновани и типична практика на еднострано малтретирање, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за трговија.
Тој нагласи дека Пекинг „ќе се бори до крај доколку (Вашингтон) одлучи да продолжи по погрешниот пат“.сд/
фото:МИА архива