• четврток, 26 декември 2024

Кина: Армијата на САД да одговара за итервенцијата во Авганистан

Кина: Армијата на САД да одговара за итервенцијата во Авганистан
Женева, 24 август 2021 (МИА) - Кинескиот амбасадор во Обединети нации во Женева, Чен Су денеска изјави дека американската армија и нејзините коалициски партнери би требало да одговараат за наводно кршење на човековите права во Авганистан. - САД, Велика Британија, Австралија и други земји мора да бидат одговорни за кршење на човековите права извршени од нивната војска во Авганистан, а следната седница треба да го опфати оваа прашање, посочи Чен на вонредната седница на Советот на ОН за човекови права во Авганистан. Тој додаде дека „во име на демократијата и човековите права, САД и другите држави спроведуваат воени интервенции во други суверени држави и наметнуваат свој модел на земјите со различна историја и култура, предизвикувајќи големо страдање“. ми/

Остани поврзан