• петок, 22 ноември 2024

Ким Џонг Ун повика на зголемување на наталитетот за да се зајакне националната моќ

Ким Џонг Ун повика на зголемување на наталитетот за да се зајакне националната моќ

Пјонгјанг, 4 декември 2023 (МИА) - Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека должност на жените е да го спречат падот на наталитетот во земјата со цел да се зајакне националната моќ, објавија денеска државните медиуми.

Ким го упати апелот во неделата за време на таканаречениот национален состанок на мајките, прв од ваков вид во последните 11 години, и рече дека е важно да се запре падот на наталитетот и да се обезбеди добра грижа и образование за децата.

Иако добивањето точни податоци за популациските трендови на населението во Северна Кореја е исклучително тешко поради ограничените статистички податоци што се објавуваат, јужнокорејската влада проценува дека стапката на наталитет во Северна Кореја постојано се намалува во последните 10 години. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан