Ким во писмо до Путин вети дополнително зајакнување на врските со Русија
- Ким посака новата 2025 година да биде запишана како прва година на победа во 21 век кога руската армија и народ ќе го поразат неонацизмот и ќе постигнат голема победа, додава агенцијата.
Пјонгјанг, 31 декември 2024 (МИА) - Во писмото до рускиот претседател Владимир Путин испратено вчера, севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун вети дека ќе го зајакне сеопфатното стратешко партнерство со Русија, јави севернокорејска агенција КЦНА.
Во писмото, Ким Џонг-ун им ја честиташе Новата година на Владимир Путин и на сите Руси, вклучително и нивните војници и ја изрази својата подготвеност за дополнително зајакнување на билатералните врски, кои, како што рече, двајцата лидери го поставиле на највисоко ниво оваа година со нови проекти, пренесе КЦНА.
Ким посака новата 2025 година да биде запишана како прва година на победа во 21 век кога руската армија и народ ќе го поразат неонацизмот и ќе постигнат голема победа, додава агенцијата.
На самитот во јуни, Ким и Путин потпишаа договор за заемна одбрана, според кој секоја страна е обврзана да и помогне на другата во случај на вооружен напад.
Оттогаш Северна Кореја испрати десетици илјади војници во Русија за да и помогнат во војната против Украина, а Сеул и Вашингтон соопштија дека повеќе од илјада се убиени или ранети.сд/
фото:МИА архива