• петок, 22 ноември 2024

Кик-боксерите од клубот „АС“ од Делчево освоија 9 медали на Балкан Опен Куп во Тешањ, Босна и Херцеговина

Кик-боксерите од клубот „АС“ од Делчево освоија 9 медали на Балкан Опен Куп во Тешањ, Босна и Херцеговина

Делчево, 22 октомври 2023 (МИА) - Кик-боксинг клубот „АС“ од Делчево со девет освоени медали го заврши учеството на Меѓународниот кик-боксинг „Балкан Опен Куп“ што се одржа во Тешањ, Босна и Херцеговина, на кој настапи со четири натпреварувачи.

Тренерот на екипата Љупчо Стојчевски изрази задоволство од постигнатите резултати, напоменувајќи дека резултатите се уште позначајни ако се има предвид дека конкуренцијата била многу тешка.

-Само што се вративме од Босна и Херцеговина, каде на Меѓународниот Кик-боксинг Куп освоивме девет медали и тоа еден златен, пет сребрени и три бронзени медали. Златниот медал му припадна на Павел Стојчевски во кик-лајт до 63 килограми, сребрени медали освоија Арнес Хајдер и Андреј Митков, додека бронзи освоија Павел Стојчевски и Лука Пешов, информираше тренерот на делчевскиот клуб.

За Стојчевски, покрај златото, за одбележување е настапот на дебитантот Арнес Хајдер, кој освои два бронзени медали во дисциплината кик-лајт.

-Исто така радува и настапот на најмладиот Лука Пешов во борбата за натпреварувачи до +36 килограми, освои сребрен медал. Освојувачот на златниот медал Павел Стојчевски поради повреда во финалето во лајт контакт - 63 килограми  остана со сребрениот медал, додека во полуфиналната борба за поени до 69 килограми, Стојчевски не можеше да продолжи и се откажа од борбата освојувајќи бронзен медал, но секако е задоволен од златниот медал во кик-лајт, додаде тренерот Љупчо Стојчевски.

На Балкан Опен Купот на кој настапија 492 натпреварувачи од 12 земји, Стојчевски покрај тренер на екипата ја имаше и улогата на меѓународен судија. вс/мд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан