Киев: 14.500 доброволци се приклучиле на украинските сили во последните неколку дена
- Околу 14.500 луѓе влегле во Украина во последните неколку дена, со цел да се борат против руската инвазија. Според податоците на украинската армија, 12 илјади од нив се украинци кои се вратил
Киев, 9 март 2022 (МИА) - Околу 14.500 луѓе влегле во Украина во последните неколку дена, со цел да се борат против руската инвазија. Според податоците на украинската армија, 12 илјади од нив се украинци кои се вратиле со цел да се приклучат во одбрана на земјата.
Во соопштението, Генералштабот на Украина, тврди дека руските сили досега имаат загубено повеќе од 12 илјади војници.
Москва, пред неколку дена информира за нешто околу 500 убиени војници, но од тогаш нема објавено информации.
Киев, досега, нема објавено никакви информации за жртви меѓу своите воени сили.
Сепаратистите од Доњецк, вчера објавија дека имаат 47 жртви во своите редови.
Според украинската армија досега се уништени или оштетени 49 руски воени авиони, 81 хеликоптер и околу 317 тенкови, но овие бројки засега не може да бидат потврдени. аа/