Киев: Уште двајца клучни руски генерали се убиени во Украина
- Двајца клучни руски генерали се убиени во борбите во југоисточниот регион Херсон, тврдат украинските власти, пренесе Би-би-си.
Киев, 23 април 2022 (МИА) - Двајца клучни руски генерали се убиени во борбите во југоисточниот регион Херсон, тврдат украинските власти, пренесе Би-би-си.
Според Киев,освен убиените генерали, друг генерал на рускиот 49-ти полк бил тешко ранет, а мобилниот команден центар бил уништен. Информациите се од разузнавањето на украинското Министерство за одбрана.
Според западните експерти, на украинскиот фронт се убиени повеќе руски генерали отколку во кој било друг конфликт по Втората светска војна. ссм/