• понеделник, 01 јули 2024

Киев: Русија ја нападна Украина со 24 дронови, од кои 17 беа соборени

Киев: Русија ја нападна Украина со 24 дронови, од кои 17 беа соборени

Киев, 8 април 2024 (МИА) – Русија во текот на ноќта ја нападна Украина со 24 дронови, главно насочени кон критичните инфраструктурни локации на југот и на истокот на земјата, соопштија украинските воени воздухопловни сили.

Украинските ВВС уништија 17 од иранските дронови Шахед кои Русија ги користеше во нападот над регионите Одеса, Николаев, Кировоград, Хмељницки и Житомир, соопшти украинската армија на Телеграм.

Над реонот на Дњепропетровск е уништен руска наведувана ракета воздух-земја Кх-59.

Четири дронови се уништени над регионот Одеса, изјави регионалниот гувернер Олег Кипер.

„Оштетен е логистички и транспортен објект … Бензинска пумпа исто така е оштетена од остатоци од соборен дрон Шахед“, информира Кипер.

- Во нападот нема жртви, додаде тој.

Извештаите не можат независно да бидат проверени. јт/

 

Остани поврзан