Киев: Русија во текот на ноќта истрела 598 дронови и 31 ракета во масовниот напад врз Украина
- Според прелиминарните податоци, 563 борбени и дронови мамки, како и 26 ракети, биле соборени или нивните сигнали биле блокирани, соопштија украинските воздухопловни сили во соопштението.
Киев, 28 август 2025 (МИА) - Русија во теот на ноќта истрела 598 дронови и 31 балистичка и крстосувачка ракета во масовниот напад врз Украина, соопштија украинските воздухопловни сили, цитирани од француските медиуми.
Според прелиминарните податоци, 563 борбени и дронови мамки, како и 26 ракети, биле соборени или нивните сигнали биле блокирани, соопштија украинските воздухопловни сили во соопштението.
Украинскиот систем оператор соопшти дека рускиот напад во текот на ноќта оштетил енергетски објекти во неколку украински региони, предизвикувајќи локални прекини на електричната енергија.
Нападот врз критичната инфраструктура во Виничкиот регион во централна Украина остави 60.000 корисници без електрична енергија, изјави денес локалната функционерка Наталија Заболотна, цитирана од британските медиуми.

Во ноќешниот напад врз една станбена петкатна зграда во Киев досега се извлечени телата на 14 загинати, а уште 48 лица се здобиле со полесни и потешки повредени.
-Меѓу загинатите има две деца, изјави министерот за внатрешни работи Игор Клименко, повикувајќи се на прелиминарни информации.
Се очекува бројот на жртви да се зголемува.сд/
фото:Х
President @ZelenskyyUa:
— Defense of Ukraine (@DefenceU) August 28, 2025
Right now in Kyiv, first responders are clearing the rubble of an ordinary residential building after a Russian strike. Another massive attack against our cities and communities. Killings again. Tragically, at least 8 people have already been confirmed… pic.twitter.com/rEGgtDt0MR