• среда, 25 декември 2024

Кибер криминалците ги оштетиле граѓаните а Црна Гора за 1,8 милиони евра

Кибер криминалците ги оштетиле граѓаните а Црна Гора за 1,8 милиони евра
Подгорица, 31 јули 2020 (МИА) - Кибер криминалците во текот на годината ги оштетиле граѓаните на Црна Гора за 75.000 евра, а во изминатите пет години за 1,8 милиони евра, соопшти полицијата. Во изминатиот период поднесени се 21 кривична пријава против 26 осомничени за високотехнолошки кримнал. Полицијата истакна дека не е лесно да им се влезе во трага на кибер криминалците, бидејќи често дејствуваат од територија на друга држава. Полицијата во периодот од 2015 до 2020 година обработила над 120 предмети при што директната штета по црногорските граѓани изнесува 1,8 милиони евра. Додека при спречување на измамите на самот почеток до граѓаните вратени се над 6,8 милиони евра. ми/  

Остани поврзан