• петок, 22 ноември 2024

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам планираат патување во САД

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам планираат патување во САД
Лондон, 20 октомври 2021 (МИА) - Војвотката и војводата од Кембриџ, Кетрин Мидлтон и принцот Вилијам, најверојатно, наредната 2022 година ќе ги посетат САД. „’Тимот Кембриџ‘ е прилично сосредоточен на Америка и се грижи да има висок профил таму“, изјави извор за „Венти фер“. - „Можноста тие да остварат посета од висок профил е многу важна за следната година“. Патувањето, речиси сигурно, ќе има и битни елементи што Кејт Мидлтон и принцот Вилијам треба да ги разгледаат, имено - влијанието на принцот Хари и Меган Маркл во Америка по нивното гостување кај Опра Винфри во март 2021 година. „Америка е многу важна публика за нив“, додава неименуваниот извор. Иако, наводно, има несогласувања меѓу принцевите Вилијам и Хари, и на двајцата браќа, се чини, им се битни филантропските потфати од двете страни на „Барата“ (Атлантскиот Океан).  си/

Остани поврзан