Кејн по освојувањето на Суперкупот на Германија: Сакавме да ја започнеме сезоната токму вака
- Фудбалерот на Баерн Минхен, Хари Кејн, се осврна на синоќешната победа во натпреварот од Суперкупот на Германија.
Минхен, 17 август 2025 (МИА) – Фудбалерот на Баерн Минхен, Хари Кејн, се осврна на синоќешната победа во натпреварот од Суперкупот на Германија.
Баварците синоќа во Штутгарт го совладаа истоимениот тим со 2:1.
- Сакавме да ја започнеме сезоната токму вака - со добар став и победа во финалето. Летото беше кратко, но работевме добро. Ми се допадна играта. Секако, би сакале да постигнеме уште еден или два гола, но добро ја движевме топката и работевме добро во одбраната како тим, изјави Кејн за клупскиот сајт на тимот од Минхен.
Баерн го освои Суперкупот на Германија по 11-ти пат и за прв пат од 2022 година. Штутгарт го загуби натпреварот за трофејот по втор пат по ред - минатата сезона, загубија од Баер Леверкузен.
Од сезоната 2025/26, трофејот го носи името на Франц Бекенбауер, кој почина минатата година. зс/
Фото: ЕПА