• недела, 21 јули 2024

Кејли Куоко: Крајот на „Бубалици“ ме погоди како гром од ведро небо!

Кејли Куоко: Крајот на „Бубалици“ ме погоди како гром од ведро небо!
Лос Анџелес, 25 февруари 2021 (МИА) - Глумицата Кејли Куоко во ново интервју за „Варајети“ раскажува како била изненадена  и шокирана од одлуката на продуцентот Чак Лоре да ѝ стави крај на светски познатата хумористична серија „Бубалици“ (The Big Bang Theory). - Бев шокирана и не ни знаев што зборува. Ме погоди како гром од ведро небо!, раскажува Куоко (Пени). Имено, таа заедно со нејзиното поранешно момче Џони Галецки (во серијата - Ленард), биле убедени дека ќе има и 13-та сезона и нашироко разговарале за тоа. Но, еден ден, Лоре ги викнал в канцеларија и им соопштил дека Џим Парсонс (Шелдон) одлучил да ја напушти серијата. Продуцентот потоа им рекол дека проектот не може да продолжи ако еден член на екипата се откаже. Па, имало и плачење, негодување итн. Глумицата била шокирана од сѐ тоа, но серијата никогаш не доживеа 13. сезона. Куоко потоа се прослави и со серијата „Стјуардеса“ (комедија-мистерија), а во мигов го снима филмот „Човекот од Торонто“ (The Man from Toronto) со Вуди Харелсон покрај неа.  си/сд/

Остани поврзан