Кетрин Шварценегер е бремена
- Папараци ја фатиле како го шета своето куче низ соседството во Брентвуд, Калифорнија, САД, па на сликите се гледа и нејзиното трудничко стомаче
Лос Анџелес, 5 мај 2020 (МИА) - Ќерката на познатиот австриско-американски глумец Арнолд Шварценегер, Кетрин е бремена.
Како што објави „Бекгрид“, папараци ја фатиле како го шета своето куче низ соседството во Брентвуд, Калифорнија, САД, па на сликите се гледа и нејзиното трудничко стомаче.
Кетрин Шварценегер, инаку, писателка за деца, е омажена со холивудскиот актер Крис Прат. Се венчаа лани во јуни.
Првите информации дека таа можеби е бремена, се појавија минатиот месец. си/ми/