• понеделник, 23 декември 2024

Кедира може да го пропушти остатокот од сезоната поради повреда

Кедира може да го пропушти остатокот од сезоната поради повреда
Торино, 19 јуни 2020 (МИА) - Играчот од средниот ред на Јувентус, Сами Кедира може да ги пропушти преостанатите натпревари од сезоната поради повреда, јавија италијанските медиуми. Претходно, „Јуве“ на својата официјална веб-страница објави дека на Германецот му бил дијагностициран оштетување на тетивата на десната нога. Триесет и тригодишниот Кедира има одиграно 18 натпревари за Јувентус на сите натпреварувања оваа сезона. Исто така, се посочува дека дефанзивецот Алекс Сандро може да не игра три недели до еден месец. зс/

Остани поврзан