• петок, 22 ноември 2024

Катица Јанева спроведена во Идризово

Катица Јанева спроведена во Идризово
Скопје, 23 јули 2021 (МИА) - Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева попладнево е спроведена во затворот во Идризово, потврди за МИА директорот на КПД „Идризово“ Јовица Стојановиќ. Спроведувањето следува откако Апелацискиот суд во Скопје ја потврди првостепената пресуда која сега веќе е правосилна, а со која таа е осудена на седум години затвор, додека Бојан Јовановски на девет години. Поранешната специјална обвинителка е осудена за злоупотреба на службената положба, а Јовановски за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари. Во истиот случај со нив, за примање награда за противзаконито влијание, беше обвинет и Зоран Милески-Кичеец, но тој уште на првото рочиште во декември 2019 призна вина и доби затворска казна од три години затвор. Таа е правосилна и од октомври лани тој ја издржува во Казнено-поправниот дом (КПД) во Струга. фф/нд/

Остани поврзан