• четврток, 19 март 2026

Катар ги протера иранските воени и безбедносни аташеи

Катар ги протера иранските воени и безбедносни аташеи

Доха, 19 март 2026 (МИА) - Катар ги прогласи воените и безбедносните аташеи на иранската амбасада и нивниот персонал за непожелни лица и ги протера од земјата - се вели во соопштението објавено синоќа.

Министерството за надворешни работи на Катар во соопштението споделено на социјалната мрежа Х наведува дека на иранските претставници им е даден рок од 24 часа да ја напуштат заливската држава.

„Министерството појасни дека оваа одлука доаѓа како одговор на повторените ирански гаѓања и очигледната агресија врз Државата Катар“, се продолжува во соопштението нарекувајќи го тоа кршење на „нејзиниот суверенитет и безбедност“, како и на резолуциите на ОН, меѓународното право и „принципите на добрососедство“.

Катар соопшти дека ги предупредил иранските власти дека ќе ги преземе „сите неопходни мерки за да ги заштити својот суверенитет и безбедноста во согласност со одредбите на меѓународното право“, пренесе ДПА.

Во текот на американско-израелските напади врз Иран иранските вооружени сили во повеќе наврати со ракети и беспилотни летала ги нападнаа Катар и другите држави во Заливот, кои се сојузници на САД. јт/

Остани поврзан