• понеделник, 23 декември 2024

Катарскиот шеик в среда ќе ја даде втората понуда за Манчестер јунајтед

Катарскиот шеик в среда ќе ја даде втората понуда за Манчестер јунајтед

Лондон, 21 март 2023 (МИА) - Катарскиот шеик Џасим бин Хамад Ал Тани во среда ќе поднесе втора понуда за Манчестер јунајтед.

 

Според „Скај спортс“, разговорите меѓу делегацијата на шеикот и раководството на Манчестер јунајтед поминале добро минатиот четврток. Советниците на шеикот работат на нов предлог, кој се очекува да биде даден до среда (22 март) навечер.

 

Според британскиот весник, по оваа посета на делегацијата на „Олд Трафорд“, нема сомнеж дека шеикот Џасим сака да стане сопственик на Манчестер јунајтед.

 

Претходно беше објавено дека конечната понуда на шеикот може да биде околу шест милијарди фунти, што е токму она што го бара семејството Глејзер, кое е сопственик на клубот. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан