• петок, 18 октомври 2024

Катарскиот емир рече дека Израел избрал да ја прошири својата „агресија“ на Западниот Брег и Либан

Катарскиот емир рече дека Израел избрал да ја прошири својата „агресија“ на Западниот Брег и Либан

Доха, 15 октомври 2024 (МИА) - Емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, денеска изјави дека Израел намерно избрал да ја прошири својата агресија за да го исполни однапред планираниот дизајн на Западниот Брег и Либан.

-Израел го направи тоа „затоа што гледа можност“, додаде Ал Тани во својот годишен говор на отворањето на Консултативниот совет (Шура).

Советот има законодавни овластувања и ги одобрува општите државни политики и буџетот на земјата, но нема глас за одредување на одбранбената, безбедносната, економската и инвестициската политика на Катар, каде што се забранети политичките партии.

Емирот рече и дека Консултативниот совет ќе предложи уставни измени за кои ќе се гласа на референдум. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан