• сабота, 23 ноември 2024

Каталонските власти одобруваат референдум за гласање недоверба на претседателот на Барселона

Каталонските власти одобруваат референдум за гласање недоверба на претседателот на Барселона
Барселона, 24 октомври 2020 (МИА) - Каталонската влада донесе одлука дека нема законски и санитарни ограничувања за гласањето за недоверба на Хосеп Бартомеу и управниот одбор на Барселона за закажаните термини, односно на 1 и 2 ноември, објави „AS“. Актуелното раководство на каталонскиот фудбалски гигант се обиде да го одвлече ова прашање, со молба да го одложи разгледувањето на 15 или 16 ноември, но не успеа. Сега во Барселона в понеделник, на 26 октомври, треба да се одржи состанок на одборот на директори. Тој мора да ја објави својата оставка, како Бартомеу, или јавно да го признае и да го одреди датумот на гласање за гласање на недоверба. Доколку тоа не се случи, тогаш кандидатот за претседател на Барселона, Жорди Фаре, има намера да го тужи сегашниот претседател на клубот за намерно нарушување на законската процедура за негово отстранување од власта во клубот. зс/

Остани поврзан