• четврток, 04 јули 2024

Касемиро заплака за време на прошталната церемонија во Реал Мадрид

Касемиро заплака за време на прошталната церемонија во Реал Мадрид
Мадрид, 22 август 2022 (МИА) - Играчот од средниот ред Касемиро не можеше да ги задржи солзите за време на прошталната церемонија во Реал Мадрид. Триесетгодишниот Бразилец заплака додека се присетуваше на неговите настапи во клубот. - Тука поминав неверојатни моменти. Заминувам со спомени од последниот трофеј во Лигата на шампионите што го освоивме. Со Модриќ и Крос неизмерно уживав во фудбалот. Сакам да појаснам дека еден ден ќе се вратам да им возвратам на љубовта на навивачите, да продолжам да му помагам на овој клуб. И она што го научив овде ми даде сила да продолжам да играм во голем клуб како Манчестер јунајтед. Ти благодарам претседателе, со тебе напред, овој клуб ќе има светла иднина и ќе продолжи да победува. Хала Мадрид! - изјави Касемиро. На 19 август Манчестер јунајтед го објави купувањето на Касемиро од Реал Мадрид. Според порталот „Трансфермаркт“, сумата на трансферот изнесувала 70,65 милиони евра. зс/

Остани поврзан