• петок, 22 ноември 2024

Касами: Ќе утврдиме реално колку паркинзи ни требаат во Тетово

Касами: Ќе утврдиме реално колку паркинзи ни требаат во Тетово

Тетово, 16 јули 2024 (МИА) - Градоначалникот Тетово заедно со началникот на СВР Тетово и директорот на ЈП „Градски паркинг“ денеска на булеварот „Илинден“ извршија надзор на состојбите во сообраќајот, по вчерашната одлука на делови од две булеварски сообраќајници да не се дозволи паркирање на возила. Одлуката се однесува на делови од „Илинден“ и „Благоја Тоска“, а не се дозволува паралелно паркирање на булевар „Илирија“.

- Во овој летен период, до 15 август да бидат ослободени булеварите и патните правци во Тетово за да имаме послободно движење на возилата. Според договореното до 21 часот навечер нема да се дозволи паркирање на места каде што не е дозволено за паркирање. После 21 часот нема да плаќаат паркинг во зонско паркирање. Ова е во служба на тоа што дење нашите граѓани кои излегуваат за да ги завршат секојдневните работи, а после 21 часот излегуваат за да се видат со своите пријатели. Затоа ценевме дека во денските часови ќе треба да бидат ослободени булеварите и другите патни сегменти во градот, рече Биљал Касами.

На новинарските прашања со оглед на реакциите на граѓаните, зошто има ваква одлука кога нема доволно паркинг места, Касами рече дека со ова ќе се дознае колку дополнително паркинзи треба да се има во градот.

За да видиме колку паркинг места ни треба на секоја улица, секој дел од градот ние мора да спречиме луѓето да паркираат секаде и каде што сакаат. За да знаеме реално колку паркинзи ни требаат ние треба да ги тргнеме возилата од улиците од тротоарите. Граѓаните нека реагираат во Општина Тетово во секој дел и во секој момент ние ќе комуницираме со нив за да видиме каде ни требаат дополнителни паркинг места и ќе го решиме тоа перманентно. Нека се пријават кај нас да видиме кој дел е проблем во делот на паркирањето за да видиме конкретно кој дел е проблем во делот на паркирањето за да најдеме решение, одговори Касами.

На прашање на новинарите врз основа на граѓанските реакции дека во секој дел од градот фалат паркинг места, Касами со сосем друг одговор-дека има доволно паркинг места.

- И како граѓанин и како градоначалник можам да кажам дека баш кај пазарот каде е најкритично место не фалат паркинг места. Таму има и јавен паркинг и приватен паркинг кој е полупразен. Таму кај што е најкритично, луѓето, и ние, и вие може да се паркираме таму и кога ќе биде полн тој паркинг тогаш ќе бараме дополнителни паркинг места. Тие што живеат во делот на решение на станбеното прашање, требало да го најдат и решението за паркирањето. Секаде во светот, ако купуваш возило, треба да купуваш и паркинг место. Во старите станбени згради има заеднички паркинг места, каде што заедно со претпријатието за паркинг им излегуваме во пресрет за резидентнo паркирање. За дополнителни паркинг места секој треба да најде индивидуално решение, рече Касами.

Според градоначалникот идејата за градење катна гаража ќе биде последна фаза, која ќе следи по утврдување на бројот на дополнителни паркинг места. ас/сст/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан