• понеделник, 25 ноември 2024

Касами од Тетово: Во наредните четири години ќе се доближиме до ЕУ

Касами од Тетово: Во наредните четири години ќе се доближиме до ЕУ
Тетово, 11 јули 2020 (МИА) - Движењето Беса во Тетово ги претстави своите кандидати за пратеници со кои настапуваат на заедничката листа во коалицијата „Можеме“. Претседателот на Движење Беса и носител во ИЕ6 Биљал Касами порача дека граѓаните избираат дали ќе се вратат политичарите од минатото или ќе се избере иднина за нив. -На 15 јули со пенакло во рака може да изберете дали на Али Ахмети да му помогнете да го врати Никола Груевски во Македонија и понатаму да ги полнат своите џебови со своето рекетарство или на 15 јули со заокружување на бројот 3 да ни дадете можност да бидеме вашите слуги, рече Касами. Тој истакна дека и како опозиција и како власт ќе придонесуваат за доброто на државата. -Прво во опозиција придонес дадовме за Македонија да влезе во НАТО, а во наредните 4 години ќе придонесеме со отворање на поглавјата од преговорите за да се доближиме до Европската Унија. Ние гарантираме европска иднина на вас и вашите деца. Како што сега пред Вас излеговме да рапортирам што направме во годините во опозиција и по 4 години ќе излеземе да рапортираме што сме направиле како дел од Владата, рече првиот човек на Движење Беса. Касами истакна дека и покрај пандемијата, безбедно е и важно е да се излезе масовно да се гласа. -Помеѓу народот се шири лага дека има опасност за излегување на избори и можност за зараза ама со почитување на протоколите ќе се чува вашето здравје. Некој намерно го плаши народот на 15 јули да не излезете на гласање за да можат нивните партиски војници да гласаат наместо вас. Гласот е ваша одговроност, на 15 јули кажете му чао на ДУИ, рече Касами. Носителот Касами потенцираше дека новата Влада ќе спроведува реформи во судство, економски развој, департизирање на образованието, повисоки плати, пензии, социјална помош се со цел да се живее како во Европската унија. Шефот на изборниот штаб на Движењето Беса, Аријанит Хоџа нагласи дека собирот е со цел да покажат колку е силна Беса во Тетово. - Додека ние зборуваме за животен стандард, тие за историја и фолклор. Не заборавајте, последен што зборуваше за историја беше Никола Груевски, а знаеме каде тој заврши, посочи Хоџа. Хоџа ја коментираше и идејата за премиер Албанец. - Осумнаесет години не успеаја да изградат кадар за премиер, па го најдоа оној што ја заврши кариерата во политиката тогаш кога се појави ДУИ. Ова е историска шанса преку полно партнерство меѓу Албанците, Македонците и сите други заедници да ја изградиме иднината, индината младите да ја најдат тука, порача Хоџа. На собирот беше прочитано и поддршка од Сојузот на албанската дијаспора. - Правото на глас е уставно право. Излезете и гласајте за Беса, ќе се факторизира за решавање на проблемите на Албанците оставени настрана со години, се вели во писмото Сојузот на албанската дијаспора.ас/см/  

Остани поврзан